Интензивно напредува градбата на летниот камп за веронаука на Бигорски

Date:

Share post:

Две и половина години по почетокот на изградбата и осветувањето на темелите на храмот на Светите солунски Браќа Кирил и Методиј во истоимениот скит на Бигорскиот Манастир во с. Битуше, веќе е завршена рам-конструкцијата на црквата, а преземени се, исто така, и опсежни градежни дејства за пренамена на поранешната караула во манастирски конак, објави „Бигорскиот манастир“, кој на оваа локација гради простор за одржување на летните кампови по веронаука.

03x– Иницијативата за градењето, како и идејното решение за Бигорскиот скит на Светите рамноапостолни сесловенски Првоучители и Покрстители, произлегуваат од големата љубов што нашиот Старец ја има за овие два Божествени Светилника на Црквата Христова. Дарител за изградбата на Скитот е благочестивото семејство на г. Горан Џикоски од Скопје, верно духовно чедо на нашата Света Обител. Со цел да видат како напредува работата, деновиве семејството Џиковски го посетија битушкиот Скит и се сретнаа со Старецот, велат од Бигорски

01xТемелите на скитскиот храм беа осветени на 31 мај 2014 година од надлежниот Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј, игуменот Архимандрит Партениј и браќата јеромонаси, во присуство на мноштво верници и гости од околните села и однадвор.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img