Верски календар: 28 Септември
КАТОЛИЧКА ЦРКВА/ Св. Вачеслав.
Роден е во Чешка во 907 година. Во 925 година станал крал. Ја ширел христијанската вера и им помагал на сиромашните. Изградил многу цркви. Поради желбата за владеење, неговиот брат Болеслав во 935 година го издал на разбојниците, а тие го убиле. Свети Вачеслав е главен заштитник на Чешка.

