Ифтар вечера за дипломатскиот кор

Date:

Share post:

Вицепремиерот и министер за надворешни работи Никола Попоски, по повод муслиманскиот верски празник Рамазан, приредил ифтарска вечера за дипломатскиот кор.

poposki-iftarКако што соопшти Министерството за надворешни работи, Попоски честитајќи го празникот, во своето обраќање истакнал дека Република Македонија како мултикултурно и мултирелигиско општество, ги негува вредностите на сите вери врз основа на меѓусебно почитување и разбирање.

-Рамазан не потсетува на нашата заедничка одговорност да се однесуваме кон другите како што сакаме тие да се однесуваат кон нас, како и на основните принципи кои ги поврзуваат луѓето од различни вери: копнеж за мир, правда и еднаквост, посочил Попоски.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img