Врските заедници побара воведување Капелани во АРМ, затворите и болниците

Date:

Share post:

Петте уставни верски заедници бараат воведување војнички капелани во Армијата на Република Македонија, служба на болнички капелани, како и можност за присуство на црквите и верските заедници во затворите и институциите за ресоцијализација.

kapelan 1Овие барања, петте верски заедници како неопходни ги посочуваат во заклучоците од денешниот координативен состанок во Скопје.

-Претставниците на Црквите и верските заедници во РМ апелираат до Министерството за труд и социјална политика за важноста од учество на религиите, преку свештенството и верските службеници, во остварувањето на верските права како и во процесот на ресоцијализација на луѓето што се огрешиле против Законот и отслужуваат казна во македонските затвори, стои во заклучоците од средбата.

Исто така тие сметаат дека по примерот на бројни држави, е неодложно и присуството на свештени лица во Армијата на РМ, преку воведувањето на војнички капелани, како и потребата од присуство на духовни лица во болниците, преку службата на болничките капелани.

kapelani 2Капеланите се свештеници, претежно млади, кои одржуваат верски обреди и служби надвор од храмовите. Најчесто се присутни во западните држави и кај Католичката и Англиканската црква, но и во Русија.

/РЕЛИГИЈА.МК

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img