Денеска е Преподобен Никита епископ од Халкидон

Date:

Share post:

Верски календар: 10 јуни

МПЦ-ОА/ Преподобен Никита Халкидонски.

nikita halkidonskiОвој светител засвети на земјата во времето на иконоборството. Од млади години се имаше повлечено во манастир. Неговата огнена љубов кон Христа од него набргу направи висок духовен светилник кој беше забележан од раководителите на црквата, па Никита беше избран за епископ на градот Халкидон. Кога на византискиот трон дојде иконоборечкиот цар Лав Ерменецот, скоро сите правоверни отци требаше да бидат прогонети. А тоа се случи и со Никита, кој отворено ја исповедаше правата вера и го прекоруваше царот за неговото отстапување. Свети Никита беше прогнат и во прогонство го заврши својот живот, преселувајќи се во вечните живеалишта на својот Господ, Исус Христос.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img