360 Степени – дебата за мултиконфесионалноста, црковната дипоматија и полтичкиот речник на владиците

Date:

Share post:

Присуството на припадници на еврејската група Лев Тахор на територијата на земјава предизвикува вознемираност и реакции од локалното население. За време на престојот во Куманово, групата која брои околу 40 члена постојано беше мета на дофрлања, а состојбата ескалираше кога мештани фрлаа јајца и откорнаа капија на една од куќите во кои беа сместени.

Тоа беше аларм за полицијата дека групата треба да се дислоцира на безбедно, па по одбивањето од повеќе хотели да ги прифатат, припадниците на Лев Тахор конечно се сместија во хотел во Скопје чија локација, од безбедносни причини, не се открива.

Од групата сега се жалат дека се чувствуваат како да се во притвор, иако легално престојуваат во Северна Македонија. Станува збор за луѓе со канадски, американски, белгиски пасоши, кои често ги менуваат државите на престој – во дел се соочуваат со реакции од домицилното населние, а во дел – со проблеми со властите, особено поради специфичниот однос кон децата и жените.

Се сметаат за еврејска секта, формирана во осумдесетите години на минатиот век, со едвај неколку стотици приврзаници во целиот свет.

Зошто во мултиконфесионална Македонија наидоа на ваков прием е една од темите на последното издание од дебатната емисија 360 степени, на ТВ Алсат во која зборуваа директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи, Даријан Сотировски, во засебно интервју, и во дебата новинарите Бранко Ѓорѓевски и Марјан Николовски.

Со нив и со Андреја Богдановски, докторанд на Универзитетот во Бакингем, Велика Британија, беше отворено и прашањето за признавање на МПЦ-ОА во контекст на актуелната руско-украинска криза.

Погледнете ја целосната емисија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img