Заврши вториот летен камп по веронаука во Бигорски

Date:

Share post:

Над триесетина дечиња, овој пат повеќето од Битола и Велес, имаа можност пет дена, преку разни активности и часови по веронаука, беа дел од вториот летен камп по веронаука на Бигорската Обител.

Тие може да учат за основите на Христова вера, но и да дознаат нешто повеќе за историјата на Охридската архиепископија и на Бигорската Обител, како и за галичките великани: Митрополитот Партениј Зографски, преродбеник, филолог, учител, првиот учебникар; Арсениј игуменот Бигорски, кој го отворил првото народно училиште во Галичник кај црквата Св. Петка; Ѓорѓија Пулевски, отец Овентиј Фрчковски…

-Најдрагоцен дар за дечињата беше и овој пат дружбата со монасите и монахињите и особено миговите поминати во присуство на Старецот, Архимандрит Партениј, велат од Бигорски.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img