Заедничка прослава на Света Гора на светителот канонизиран од Вселенската патријаршија на барање на Романската црква

Date:

Share post:

Делегација на Романската Патријаршија оваа недела учествувала во прославата во манастирот Ватопед на Света Гора, по повод првото свечено одбележување на празникот на Откривањето на моштите на свети Дионисиј (Игнат) од Колици.

Моштите на овој атонски подвижник биле пронајдени на 17 ноември 2022 година, а годинава, по неговата официјална канонизација, празникот беше литургиски чествуван за првпат.

Кареја – „главниот град“ на Света гора, центар од IX век.

Романската делегација беше предводена Епископот Варлаам од Плоешти, викар на Патријархот Даниил. Во манастирот Ватопед тие биле пречекани од игуменот, архимандрит Ефрем, кој истакнал дека свети Дионисиј, иако скромен и незабележлив во светот, бил пријател Божји. „Голема радост е што го чествуваме откривањето на неговите мошти, што е чест и за вашата татковина, и за Света Гора и за целата Црква“ рекол архимандрит Ефрем.

Тој потсетил и на големиот придонес на Романците кон Света Гора: „Манастирот Ватопед отсекогаш имал блиски врски со романскиот народ. Не можеме да ги заборавиме романските ктитори и добротворители, кои не ни помогнале само нам, туку на целата Света Гора.“

Епископ Варлаам ги пренесол благословите и благодарноста од Патријархот Даниил за улогата на Ватопед во процесот на канонизација на свети Дионисиј: „Сведоштвата на ватопедските монаси за светоста на неговиот живот беа од суштинско значење за нашата Црква.“

Во богослужбите учествувал и Митрополит Атанасиј од Лимасол (Кипар) и монашки братства од повеќе атонски скитови.

Моштите на свети Дионисиј биле изложени за поклонение во манастирскиот храм, а богослужбеното пеење било изведено од страна на познатиот романски патријаршиски хор Tronos, како и од монаси од Новиот Скит.

Старецот Дионисиј (Игнат) живеел во ќелијата на свети Георгиј во Колици, под духовната управа на Ватопед. Заедно со познатиот атонски духовник, јеромонах Петрониј (Танасе) од скитот Продром, беа канонизирани од Вселенската Патријаршија на 31 август 2025 година, по предлог на Романскиот патријарх.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Патријархот Порфириј му го честитал именденот на патријархот Кирил, кој молитвено го прославил својот 79-ти роденден во Переделкино

Патријархот Порфириј упатил топла и братска честитка до рускиот патријарх Кирил по повод неговиот 79-ти роденден. Во честитката...

Папата Лав XIV: Мигрантите мора да се третираат со достоинство – неопходно е примирје во Украина и почит кон верската слобода во Нигерија

За време на разговор со новинари во Кастел Гандолфо, Папата Лав XIV испратил низа силни пораки поврзани со...

Бугарски манастир во Германија повикува на итни донации за довршување на кровната конструкција

Манастирот „Св. Троица“, под jуриздикција на Бугарската православна црква и во Бухахен, Германија, уште еднаш упати јавен апел...

БНТ за првпат ќе го емитува серијалот за свети Паисиј Светогорец

Со благослов на Бугарскиот патријарх Даниел и Светиот Синод на Бугарската православна црква, а во соработка со Бугарската...