Вселенскиот Патријарх Вартоломеј денсќа доаѓа во посета на Хрватска каде и заедно со Српскиот Патријарх Иринеј ќе отслужи света литургија за 75 годишнината од страдањата во логорот во Јасеновац.
Вартоломеј на Аеродромот во Загреб ќе го пречека Српскиот Патријарх Иринеј, кој од синоќа е во Хрватска.
Покрај Вартоломеј, на одбележувањето на овој настан ќе присуствуваат и претставници на Руската, Романската и Полската православна црква.
Истовремено Вартоломеј ќе учествува и на научната конференција во организација на српската православна гимназија во Хрватска, а на која ќе се зборува на тема за новомачениците во православниот свет.
Вселенскиот Патријарх ќе има средби и со хрватските државни власти
Српската православна црква посетата на Хрватска ја оценува како историски значајна за православните Срби кои живеат во Хрватска.
Во пдролжение погледнете го интервјуто со Митрополитот Загребачко-љубљански, г. Порфирије, за хрватската национална телевизија.
/РЕЛИГИЈА.МК

