Во центарот на Солун во тек се работи на реставрација на историската Хамза-бег џамија, позната и како „Алказар“, еден од најзначајните османлиски споменици во градот.
Според информациите од грчкото Министерство за култура, проектот има цел целосна конзервација и обновување на објектот, по што џамијата треба да биде предадена на градските власти во текот на 2026 година.
Реставрацијата е дел од поширока програма за заштита на историското наследство во Солун, со која се обновуваат повеќе споменици од различни историски периоди, вклучително и османлиски објекти.
По завршувањето на работите, објектот се очекува да стане културен и историски простор достапен за јавноста, со што ќе се зачува неговата архитектонска и историска вредност
/carsijatimes.mk

