Во Атина започна Меѓународен конгрес на воени свештеници од земјите на НАТО

Date:

Share post:

Со свечена церемонија во Катедралниот храм во Атина вчера, во понеделник 26 јануари 2026 година, започна 37. Меѓународен конгрес на воените свештеници од земјите членки на НАТО и партнерските држави.

Настанот, кој обединува високи духовни и воени претставници од Европа и Северна Америка, ќе трае неколку дена и е посветен на улогата на духовната поддршка во вооружените сили и на грижата за војниците и нивните семејства.

Отворањето се одржа во свечена и молитвена атмосфера, со изведба на црковни химни од хорот на воени свештеници. На церемонијата присуствуваа претставници на военото и црковното раководство, при што беше истакната важноста на духовното водство и моралната кохезија во современите воени средини.

Отецотт Тома Синодинос, старешина на Катедралниот храм во Атина, ги поздрави учесниците и нагласи дека соработката меѓу воените свештеници е клучна за поддршка на заедниците каде што служат. Претставници на грчкото воено раководство и делегации од други земји ја истакнаа улогата на духовната служба во услови на кризи и меѓународни мисии.

Архимандритот Мелетиј Кураклис, директор на Корпусот на воени свештеници при Генералштабот на Националната одбрана на Грција, посочи дека воените свештеници се мост меѓу верата и секојдневието на војниците, особено во периоди на зголемени безбедносни предизвици.

Програмата беше збогатена со поетски и музички дел, со читање на избрани стихови од античката поезија и изведба на Химната на љубовта од апостол Павле, со порака за мир, солидарност и човечко достоинство.

На крајот од церемонијата, митрополитот Атанасиј, како претставник на Архиепископот на Атина и цела Грција, го пренесе неговиот поздрав и желби за успешна работа на конгресот. Присуствуваа и други архиереи, претставници на военото раководство, како и членови на различни христијански конфесии и религии.

Конгресот има за цел размена на искуства и добри практики меѓу земјите учеснички, со фокус на духовната поддршка во меѓународните мисии, меѓурелигиската соработка и промоцијата на хуманитарни вредности во рамките на вооружените сили.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img