Во црквата на Св. Ајдан, еден од првите христијански мисионери и покрстители на Англичаните, беа препогребани останките на повеќе од 100 души, за кои се смета дека се од првите Христијани покрстени од Св. Ајдан. Со тоа заврши истражувачкиот проект во градот Дурам и Фондацијата „Бамберг“ за проучување на христијанското наследство во регионот.
Останките беа откриени во текот на археолошките ископувања во периодот од 1998 до 2007 година, во близината на замокот Бамберг, во грофовијата Нортамберленд. Тие датираат од периодот на 650 – 700-та година и биле положени во гробница со камени плочи. „Ја отворивме гробницата и сфативме дека го откривме местото на некогашните изгубени гробишта ’Боул хоул‘“, раскажува Џесика Тарнер учесничка во проектот. Според научниците, овие луѓе биле членови на кралскиот двор на Св. Освалд, кој во 635 година се обратил кон монасите од островскиот манастир на Св. Колумбо, за да испратат мисионери и да го покрстат локалното население.
/превод: Бигорски

