Висока делегација на американскиот Стејт департмет, по подолго време, во посета на МПЦ-ОА. Во Македонија е Мајкл Дозлер, виш советник за транснационални прашања, задолжен за за односи со Православната Црква при Стејт департментот на САД, заедно со Роберт Цицман, известуивач од Канцеларијата за меѓународна верска слобода при Стејт департментот на САД.
Тие заедно со политичкиот советник на американската амбасада во Скопје, Ендрју Ковтун и политичкитот аналитичар на амбасадата, Адриан Ислаили, вчера биле на средба со архиепископот Стефан во Архиепископијата. На средбата бил и секретарот на Синодот, епископот Херајлејски Климент, и шефот на кабинетот на архиепископот Даниел Јовановски.
За средбата извести Скопската епархија, но не открива детали за темите за кои е разговарано.
Оваа посета на високата американска делегација доаѓа во период на засилено руско влијане врз МПЦ-ОА.

