Вартоломеј и Иларион Алфеев се сретнаа во Рим

Date:

Share post:

На средбата на светската конференција на верски лидери, што с еодржи во Рим минатата недела Вселенскиот Патријарх Вартоломеј и шефот на руската црковна дипломатија Иларион Алфеев се сретнале и седеле на иста маса. Тоа е прва средба меѓу двете цркви, откако Руската црква одлучи да ги прекине куминикациите со Вселенската Патријаршија.

-Кога седнавме тој ми рече „добро утро“ на руски јазик, а јас му одговорив „добро утро“ на англиски,изјавил Иларион за руските медиуми.

Тоа практично била единствената нивна комуникација, посочув рускиот митрополит.

Инаку средбата во Рим беше во организиација на Папата Франциски и посветена на климатските промени. Вартоломеј и Иларион биле единствените двајца претставници на православните цркви. Иларион Алфеев за руските медиуми изјавил дека тој бил на таа конференција за да не биде дека Вселенскиот патријарх ги претставува сите православни, особено откако „ја загубил довербата на милиони руски верници“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img