В среда протест пред Синодот на БПЦ – Владиците ја дигнаа на нозе бугарската јавност

Date:

Share post:

Бугарските владици го собраа гневот на јавноста и за в среда наутро е закажан протест пред Синодската Палата во Софија, како реакција на денешната одлука на БПЦ да го откаже учеството на чествувањето за 1000 годишнината од Охридската Архиепископија во Охрид.

По оваа одлука голем е бројот на негативни реакции во бугарската јавност, а  Милан Врабевски повика на протест.

-Драги браќа и сестри! Прелеана е чашата на 10 годишното трпение со БПЦ. По денешната одлука на Светиот Синод ве повикувам во среда на 16,05 во 9 часот пред Синодската Палата да ја искажеме тврдата позиција за предавничкото однесување на Светот Синод. Таа одлука е веќе отворена антидржавна активност. Сакаме промени и санкции, вели Милан Врабевски.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img