Трамп: Хилари Клинтон е основач на Исламска држава

Date:

Share post:

Републиканскиот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп, ја осуди надворешната политика на САД во времето додека Хилари Клинтон, неговата актуелна ривалка во претседателската трка, беше државен секретар и наведе дека таа треба да биде призната за „основач на Исламска држава“.

hilariрамп изјави дека верува дека американскиот претседател Барак Обама зажалил што Хилари Клинтон ја избрал на таа функција.

Во обраќање на собир во градот Дејтона Бич, на Флорида, Трамп ја критикуваше и политиката на Хилари Клинтон кон Блискиот исток бидејќи таа, како што тврди, доведе до создавање на Исламска држава.

-Тоа е заради неа. Треба да добие награда на Исламска држава како нивен основач, порача Трамп, а пренесоа американските медиуми.

/МИА

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img