Верски календар: 8 февруари
КАТОЛИЧКА ЦРКВА: Свети Јероним
Свети Јероним Емилијан се родил како син на богати родители 1486 во Венеција. На 15 години побегнал од дома. Имал бурна младост, а учествувал и во војна во 1511 паднал во заробеништво кај австријците. Понижен и во темница доживеал духовна преобразбра и се зарекол на Марија дека ако излезе на слобода сосема ќе го промени својот живот.
Тоа и се случило, се посветил целосно на грижа на сиромашните. Го продал целиот имот за да им помага на болните, откако Италија ја зафатила болест со многу настрадани. Својата куќа во венеција ја направил дом за деца без родители. И самиот починал заразен од чума.

