Верски календар: 01 Септември
КАТОЛИЧКА ЦРКВА/ Св. Егидиј.
Живеел во Прованца. Во 680 година со помош на западноготскиот крал Вамбе изградил манастир. Откако умрел свети Егидиј бил закопан на патот кој водел кон Компостело во Шпанија. Аџиите на свети Јаков со голема побожност се молеле на гробот на свети Егидиј. Луѓето го повикувале свети Егидиј како помош против стравот и душевните болести. Во Франција во чест на свети Егидиј се изградени повеќе цркви.

