Света Гора го покани Трамп да ја посети

Date:

Share post:

Покана до претседателот на САД, Доналд Трамп, да ја посети Света Гора упати административниот управител на Атонската монашка „држава“ Алкивиад Стефанис, изјави тој во интервју за радиото Parapolitika 90,1:

„Му реков на американскиот заменик-државен секретар да ја предаде официјалната покана на Света Гора до претседателот Трамп. Очите му се отворија од изненадување, но мислам дека се израдува и рече: ‘Секако, ќе го сторам тоа’“, рече Стефанис.

„Со оглед на односите што претседателот Трамп ги изградил со Православната црква преку посетата на Вселенскиот патријарх, преку начинот на кој патријархот го предаде пораката за Халкинската богословска школа, а Трамп веднаш ја препрати кај претседателот Ердоган, како и преку средбата со архиепископот Елпидофор, верувам дека тој ја разбира важноста на Света Гора. Убеден сум дека кога ќе ја посети Грција, ќе сака да ја посети и монашката држава“, додаде Стефанис.

Во врска со последната посета на заменик-државниот секретар на САД, Мајкл Ригас, (Рокас) на Света Гора, Стефанис додаде:

„Тоа е млад човек со визија за иднината на Соединетите Американски Држави. Со голема радост утврдив дека има длабока љубов кон Света Гора, кон Грција и кон верата. Тој е многу религиозен човек, а ова беше неговата трета посета на Атон, иако прва во неговата сегашна функција. Има длабоки познавања за животот на Света Гора и неговиот пристап не е само на верник-поклоник, туку на државен службеник кој ја разбира улогата на Атон во рамките на верската дипломатија, и тоа ме израдува особено“.

Мајкл Ригас е од грчко потекло. Неговите родители се имигранти од Пелопонез, Грција, кои дошле во САД како деца за време на грчката граѓанска војна (1946-1949 година). Неговото име на грчки е Μιχαήλ Ρήγας (Михаил Ригас), а во грчките медиуми се користи и како Михали Ригас.

/Двери.бг

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Заедничка прослава на Света Гора на светителот канонизиран од Вселенската патријаршија на барање на Романската црква

Делегација на Романската Патријаршија оваа недела учествувала во прославата во манастирот Ватопед на Света Гора, по повод првото...

Патријархот Порфириј му го честитал именденот на патријархот Кирил, кој молитвено го прославил својот 79-ти роденден во Переделкино

Патријархот Порфириј упатил топла и братска честитка до рускиот патријарх Кирил по повод неговиот 79-ти роденден. Во честитката...

Папата Лав XIV: Мигрантите мора да се третираат со достоинство – неопходно е примирје во Украина и почит кон верската слобода во Нигерија

За време на разговор со новинари во Кастел Гандолфо, Папата Лав XIV испратил низа силни пораки поврзани со...

Бугарски манастир во Германија повикува на итни донации за довршување на кровната конструкција

Манастирот „Св. Троица“, под jуриздикција на Бугарската православна црква и во Бухахен, Германија, уште еднаш упати јавен апел...