Стојанов: Само духовно зрел народ може да ја гради иднината на Македонија

Date:

Share post:

На 8 Септември во разговор за утринската програма, поглаварот на Католичката црква во Македонија, монс. д-р Киро Стојанов се потсети на славниот датум, како тој го доживеа и што истото значеше за него.

За монс. Киро Стојанов, како католик, Македонец, и покрај тоа што на 8 Септември 1991 поради неговите ангажмани бил далеку од државата, настаните од плоштадот се остварување на вековниот стремеж на Македонија и заложбите на Католичката заедница на овие простори, но и на сите Македонци и народи кои се залагаа за независност.

Независноста на Македонија значеше и преструктуирање и реорганизација на Католичката црква во Македонија, која беше воздигната во посебна Бискупија, а црквата од источен обред најпрвин беше воздигната во Апостолски Егзархат, а подоцна и во Епархија, со што Ватикан ја потврдува Македонската посебност. Бискупот Киро Стојанов ја нагласи континуираната поддршка која Ватикан ја дава на Македонија која беше крунисана и со доаѓањето на папата Франциск.

Соработката на црквата и државата за монс. Киро Стојанов е како корен и стебло кое треба заедно да расте и меѓусебно соработува. Државата може да има светла иднина само доколку се гради на принципите на правда и вистина а верските заедници мора да бидат вклучени во градењето на подобра иднина, затоа што бискупот вели: „Само духовно зрел народ може да ја гради иднината на Македонија“’.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Српскиот свет“ и раката на Москва на Балканот

Балканот повторно се наоѓа на крстосница меѓу вистината и манипулацијата, демократијата и авторитаризмот. Како што се приближуват изборите...

Најдолгото гласачко ливче половина метар

Најдолгото гласачко ливче на овие избори е половина метар, откри директорот на печатницата „Киро Дандаро“, каде се печатеше...

ДИК: Одобрени уште осум барања за акредитации за набљудување на изборите, прифатени три приговори од гласачи

Државната изборна комисија денеска прифати уште три од вкупно четири пристигнати приговори од гласачи. Прифатени се два приговори...

Народниот правобранител отвора бесплатна телефонска линија за пријавување повреди на избирачкото право

Во канцеларијата на Народниoт правобранител во недела (19 октомври) на денот на одржувањето на првиот круг од Локалните...