Сретение Господово свечено одбележано во Фулда – историска прва архиерејска Литургија на новоформираната црковна општина „Свети Три Ерарси“

Date:

Share post:

На денот на празникот Сретение Господово, во германскиот град Фулда се одржа прва Света архиерејска Литургија, со што молитвено и достоинствено беше одбележан патрониот празник и формирањето на Македонската православна црковна општина „Свети Три Ерарси“.

Со Литургијата чиноначалствуваше митрополитот Европски Пимен, во сослужение на свештениците од Европската епархија.

Од епархијата велат дека оваа богослужба претставуваше прво архиерејско служење по официјалното формирање на црковната општина во Фулда.

-Во своето архипастирско слово, Митрополитот Пимен говореше за длабоката смисла на празникот Сретение Господово, средбата на Стариот и Новиот Завет, средбата на човекот со Бога, и повикот секој верник да Го пречека Христа во своето срце со чистота, вера и љубов. Тој ја истакна важноста од единството, молитвеното заедништво и живата врска со Црквата, особено во дијаспората, каде зачувувањето на верата и националниот идентитет претставува духовна и морална обврска. Бројни верници, кои со особена побожност и благодарност учествуваа во Светата Литургија. Голем број од присутните пристапија кон Светата Причест, причестувајќи се со Светите Христови Тајни, сведочејќи ја својата жива вера и духовна поврзаност со Мајката Црква, велат од епархијата.

Формирањето на Македонската православна црковна општина „Свети Три Ерарси“ во Фулда претставува значаен и историски чекор во организирањето на црковниот живот на Македонците во Германија. Оваа новооформена заедница ќе биде духовно прибежиште, место на молитва, литургиско собрание и чување на православната вера и македонската традиција.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img