Среќна Нова 1959!

Date:

Share post:

Православната црква во Србија, после 100 години, конечно успеа. Гол во 93 минута. Уствари автогол. Очекував дека после 9.мај и одлуката на вселенскиот патриарх за кревање на шизмата српските владици ќе почнат со нивните познати маневрирања и купување на време. Се очекував од Белград. Ама од нашиве не очекував автогол.

Во соопштението напишано во стил просечниот граѓанин да не може да го разбере се вели дека Синодот на МПЦ – ОА испратил писмо со кое го прифаќа „општопризнатиот статус на автономија во рамките на СПЦ од 1959 г.“ Е сега прашање од оние кои малку повеќе разбираат: Што станува со Одлуката од Третиот црковно-народен собор од 1967 г. и прогласувањето на автокефалија? Дали Синодот на МПЦ – ОА ја поништи одлуката за автокефалија од 1967 г.? Ако е така, храбро нека излезат и нека ни ја соопштат „радосната вест“. Храбро нека кажат дека архиепископите Доситеј, Ангелариј, Гаврил и Михаил биле во заблуда. Нека „не просветлат“ дека генерациите кои се бореа за автокефалија беа во заблуда. Комунистите не излажаа за автокефалијата, нели? Излегува дека тоа е сепак нивно масло.

Е сега за оние кои не знаат да направат разлика меѓу одлуките од 1959 г. и 1967 година Со одлуката од 1959 г.: 1) МПЦ го признава за свој врховен поглавар српскиот патријарх преку кого е во единство со останатите православни цркви во светот; 2) МПЦ прифаќа дека е неразделен дел од СПЦ со автономен статус. Две во едно! За тоа не требаше воопшто тајно да преговараат.

И што останува на крајот од денот. Па не многу: влегување во српскиот духовен свет и се разбира СРЕЌНА НОВА 1959 ГОДИНА!!!

Пишува: Драги Зајковски

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Бесплатни верски календарчиња за Македонците во Албанија од МПЦ

Македонското друштво “Илинден”-Тирана доби верски календари за 2026 година, кои бесплатно ќе бидат распределени на Македонците во Република...

Митрополитот Киевски: Нашата Црква надмина многу предизвици

Третиот форум на воени капелани на Православната Црква на Украина денес официјално беше отворен во просториите на Киевската...

Митрополитот Кирил од Вселенската патријаршија, со благослов на Митрополитот Георгиј ќе служи во Рајчица

Mитрополитот на Имврос и Тенедос,  Кирил од Вселенската патријаршија ќе биде повторно гостин на МПЦ-ОА. Бигорскиот манастир објави...

Иванов на гости кај Георгиј

Поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов, заедно со учесниците на 16-та школа за млади лидери, што се одржува во Охрид,...