СПЦ ја врати МПЦ-ОА во автономија, со статус полош од Нишкиот договор. Кој ќе понесе одговорност?

Date:

Share post:

Скандалозен крај во преговорите меѓу МПЦ-ОА и СПЦ. Соборот на СПЦ ја врати Македонската црква во автономен статус од 1959 година. Она што е скандалозно е што Соборот на СПЦ таквата одлука ја донел, како што вели по барање на Синодот на МПЦ-ОА, објави религија.мк

Со други зборови, САС на МПЦ-ОА испратил барање до СПЦ во кое го прифаќа канонскиот статус доделен во 1959 година.

Дополнително скандалозно, ако е тчно дека МПЦ-ОА на тоа се согласила, е што за иден автокефален статус треба да има сеправославнна согласнот од сите цркви, што практично значи можност за вето.

-Примајќи го актот од Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, со кој таа го прифаќа општопризнатиот канонски статус, доделен во 1959 година, од страна на Севтиот Архиерејски Собор на Српската Православна Црква и во кој изразува надеж дека СПЦ братолљубиво ќе го решава и реши прашањето за нејзиниот конечен канонски статус, за кој треба да следи и сеправославна согласнот за прифаќање на тој статус, Светиот Архиерејски Собор одлучи:

-Со благодарност во Господа и со радост Соборот го поздравува прифаќањето на општопризнатиот канонски статус, а тоа е статус на најширока можна автономија, односно полна внатрешна самостојност, доделен уште во 1959 година.

-Бидејќи со ова се отклонети причините за прекин на богослужбеното и канонско општење, причинети поради еднострано прогласената автокефалност во 1967 година, се воспоставува полно литургисоко и канонско општење.

-Воспоставувањето на единството на канонска основа и под услови на важење на канонскиот поредок на целото подрачје на СПЦ, дијалогот за идниот и евентуално коначен статус на епархиите во Северна Македонија не само што е можен, туку е и целосходен, легитимен и реален.

-Во дијалогот за неговиот иден и евентуално коначен канонски статус СПЦ ќе се раководи само и исклучиов од еклисиолошко-канонските и црковно-пастирските начела, мерила и норми, незамерувајќи ги „реалполитичките“, „геополитичките“ и „црковнополитичките“ и други слични дадени работи за еднострани иницијативи и не подлегнувајќи на никакви влијанија, или притисоци.

-И на крајот, Соборот нема намера да по решавањето на статусот да ја условува новата сестринска Црква со ограничувачки клаузули во поголед на опсегот на нејзината јуриздикција во матичната држава и во дијаспората, со препорака истото прашање за своето званично име го решава во непосреден братски дијалог со гркофонските и останатите помесни цркви, пишува во одлуката на Соборот на СПЦ.

ШТО ПРАКТИЧНО ЗНАЧИ ОВАА ОДЛУКА НА СПЦ?

Како и што се предвидуваше, СПЦ нема никаква намера да отстапи од епархиите во Македонија и ја враќа МПЦ-ОА како Автономна црква во СПЦ, без притоа да се знае кога и дали воопшто МПЦ-ОА ќе добие некогаш Автокефалност. Оваа одлука практично е многу полоша и од Нишкиот договор од 2002 година, бидејќи во нејзе пишува дека МПЦ-ОА се согласила дека за конечниот статус за автокефалност ќе мора да одлучува општ православен консензус. Со други зборови МПЦ-ОА сама се сгласува со поставување вето од која било црква.

Во евентуално иден ваков развој на настаните МПЦ-ОА никогаш нема да дојде до автокефалност, а и некогаш да дојде  нема да има никакво право на името Охридска Архиепископија, затоа што Бугарската црква со такво име нема да се согласи. Евентуално идно име на МПЦ-ОА би било Православна Црква на Северна Македонија.

Оваа одлука е опасна затоа што, практично СПЦ ја замени ПОА со МПЦ-ОА. Тоа значи дека ПОА и Вранишковски во сите овие 20 години биле во право, а МПЦ на погрешната страна која предизвикувала расколи.

Со оваа одлука Архиереите на Синодот на МПЦ-ОА стануваат дел од Соборот на СПЦ и ќе учествуваат во него.

Она што е искулчително опасно во целата ситуација е што Соборот на СПЦ вели дека таа одлука ја носи по барање на Синодот на МПЦ-ОА. Владиците на македонската црква уште денеска се должни да објаснат кога, од кој, и како се согласил на автономија, кој го испратил писмото и зошто е тоа барање.? Зошто е фрлена во вода жртвата на генерации автокефалисти дадена за иднината на оваа црква.

Како и што предвидуваше Религија, мк во одлуката СПЦ се обидува да игра на емотивната карта. Наводно дозволувајќи и на МПЦ-ОА да се именува како сака и како сака да комуницира со останатите цркви, со што сака да предизвика нови поделби и расколи во македонската јавност.

Од оваа одлука, веќе нема дилема колку била важна одлуката на Вселнската патријаршија да го реши канонскиот статус на МПЦ-ОА пред оваа одлука.

ШТО ПОНАТАКА?

Оваа одлука на СПЦ има само една позитивен елемент, ако може да се толкува така. Тоа е што се согласува дека МПЦ-ОА веќе не е расколничка црква.

МПЦ-ОА, на оваа оваа одлука треба да одговори токму во тој дух. Да се заблагодари што СПЦ препознала дека МПЦ-ОА е каноснка исправна црква и да посочи дека нејизниот канонски статус е решен со одлуката на Вселенската Патријаршија и дека МПЦ-ОА , во периодот до конечно решавање на автокефалниот статус, останува во организационата структура како и досега како автокефална црква. На литургиите прв ќе го споменува Вселенскиот патријарх, и потоа сите останати по редот од диптихот како и досега.

 

3 COMMENTS

  1. Среќна Нова 1959 година. Среќно влегување во српскиот свет. Излегува дека македонските комунисти имаа поголема свест за македонскиот национален интерес од овие денес во независна Македонија. Повеќе дедовците од МПЦ – ОА не се македонски владици. Сега станаа владици на Српската патријаршија во Северна Македонија. Срамота!!!! Срам да ви е!!!!!

  2. Јас ќе понесам одговорност. Може?
    Дајте малку смирете се и намалете со црните сценарија. Се ќе се среди и се ќе си дојде на место.
    Господ нема да не остави, како што не не оставил ни досега. Полека, смирено.

  3. Браћо драга у Македонији… Црква у Македонији је била у расколу са православљем, са свим Црквама. Сада више није. Ово није враћање у назад, како пишу медији у Македонији из незнања или због комунистичког наслеђа. Ово је корак у напред, ка спасењу! Сада аутономија унутар Цркве Христово, а онда пуна аутокефалија. Једно по једно. Важно је да смо сада једно у Господу и да нема више раскола, да је превазиђен. Бог да нас све благослови!

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Митрополитот Кирил од Вселенската патријаршија, со благослов на Митрополитот Георгиј ќе служи во Рајчица

Mитрополитот на Имврос и Тенедос,  Кирил од Вселенската патријаршија ќе биде повторно гостин на МПЦ-ОА. Бигорскиот манастир објави...

Иванов на гости кај Георгиј

Поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов, заедно со учесниците на 16-та школа за млади лидери, што се одржува во Охрид,...

Владиката Петар удри по Владиката Јован – кратко траеше хармонијата во МПЦ

Преспанско-пелагонискиот митрополит Петар жестокот го нападна митрополитот Крушевско-демирхисарски Јован, во гостување на поткастот НатКаст со Љупчо Цветановски. Гостувањето на...

Научна конференција по повод 1700-годишнината од Првиот вселенски собор во Софија

На Богословскиот факултет при Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“ ќе се одржи научна конференција под наслов „In unum...