Спасеновски за РТС: Исправна и силно посакувана е одлуката на вселенската патријаршија

Date:

Share post:

Државната Радиотелевизија на Србија псовети специјалнa емисија за најновиот развој на настаните во правосавната екумена по одлуката на Вселенската патријаршија за вклучување на Охридската архиепископија во канонскиот поредок на Црквата.

Александар Спасеновски од Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје кој важи за познавач на црковните прилики имаше можност во оваа емисија поблиску да ја запознае српската јавност со значењето и со ефектите од одлуката на Неговата Светост, Патријархот Вартоломеј од 9 мај 2022 година.

-Знаејќи колку голем труд беше вложен од одредени наши духовници за остварување на оваа децениска цел, не би бил искрен доколку не кажам дека ваквото благопријатно решение од страна на Неговата светост, Вселенскиот Патријарх Вартолемеј – беше силно посакувано и очекувано, изјави Спасеновски.

Според него, одлуката на Синодот на Вселенската патријаршија за признавање на црквата за канонска претставува еден од поважните настани во македонската  најнова историја, еднаков со други слични достигнувања како на пример стекнувањето на независноста на Македонија после распадот на Југославија.

Констатирајќи ја потполната легитимност на потегот на Вселенскиот Патријарх, во емисијата заклучува и дека според одлуките на Четвртиот вселенски собор, секоја држава на својата територија има право на своја помесна православна црква, но и дека Кралството Југославија одамна не постои, а се создаде и независна Република Македонија во која постои жива црква и таа има право да биде автокефална.

-Одлуката на Вселенската патријаршија за вклучување на Охридската архиепископија во канонскиот поредок на црквите не е против никого. Искрено посакувам и верувам дека Српската православна црква, во духот на братољубието ќе биде дел од решението, а не дел од проблемот – заклучува Спасеновски.

Во оваа емисија, соговорниците дискутираат и за прашања поврзани со дијаспората на црквите, како и зо нивните официјални имиња, при што се констатира дека овие прашања ќе се решаваат во духот на правосалвната еклесиологија, како и традициите на православната црква.

Емисијата може да ја погледнете.

1 COMMENT

  1. Aleksandar Spasenoski I pokraj toa što čital nešto za crkovnata problematika si ostanuva ona što bil pred da nešto pročita-laik za Crkovnoto prašanje

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Германски поклоници и политичка делегација го посетија Теолошкиот факултет во Халки

Теолошкиот факултет на островот Халки, во рамките на Вселенската Патријаршија, го посетиле две значајни групи посетители: германски православни...

Израз на солидарност од православен митрополит по сообраќајна несреќа во Стокхолм

Автобус на јавниот превоз во Стокхолм, Шведска, излетал од својата траекторија и удрил во автобуска постојка, при што...

Британски пастор предупреден од полицијата дека библиска порака на неговиот кaмпер (возило) може да се смета за „говор на омраза“

Во Ланкашир, на северозападот од Англија, полициски службеник предупредил 59-годишен христијански пастор дека библиски стих поставен на задниот...

Грчкиот министер за надворешни работи: „Потребна е итна заштита на христијанските заедници на Блискиот Исток“

Грчкиот министер за одбрана Никос Дендиас ја истакнал неопходноста од итна заштита на христијанските заедници во поширокиот регион...