Со свечена церемонија на Теолошкиот факултет при Аристотеловиот универзитет во Солун, беше основана почесната катедра „Митрополит на Драма Павле – Црковна историја и култура на источниот елинизам (XI–XX век)“.
Патријархот Вартоломеј, со видливи емоции, зборуваше за животот и делото на бленоупокоениот митрополит Павле од Драма, голем познавач на црковната историја на Понт и Истокот, истакнувајќи дека неговата личност и служба претставуваат пример за љубов, хармонија и верска посветеност. Тој нагласи дека Павле бил човек кој разбирал дека „ромејството“ не значи непријателство кон другите, туку поттик за хармоничен живот, љубов и почит: „Како вистински Ромеј, тој знаел дека обожавањето на ромејството не подразбира непријателство кон никого, токму затоа што ромејството е вкоренето во ДНК-та како образование и менталитет“.
Во обраќањето, Патријархот ги охрабри студентите и научниците не само да го споменуваат името на митрополитот Павле, туку и неговиот живот како модел за поддршка на духовните и националните вредности.
Новата катедра е плод на соработка меѓу Аристотеловиот универзитет, Генералниот секретаријат за верски прашања, неколку митрополии од северна Грција и на организацијата Апостолики Диаконија на Црквата на Грција. Нејзината цел е да поттикне научни истражањаув и настава за црковната историја и културата на источниот елинизам, вклучувајќи области како Кападокија, Јонија, Понт и поширокиот црноморски регион.
На свеченоста се обратија и повеќе грчки архиереи, како и раководството на универзитетот и претставници на државни институции. Сите истакнаа дека делото на митрополитот Павле претставува вредно духовно и научно наследство.
Катедрата ќе биде поддржана од црковните институции што учествуваат во нејзиното формирање, а предвидено е да биде ангажиран научен кадар специјализиран за историјата и културата, со цел продолжување и зајакнување на истражувачката работа во оваа област.

