Скопскиот Бискуп Киро Стојанов ќе го крштева секое петто дете во католичките семејства во Македонија

Date:

Share post:

Скопскиот Бискуп и Апостолски егзарх, Киро Стојанов е подготвен лично да го крсти секое петто дете во семејствата на католичките верници во Македонија.

Оваа желба, Бискупот Стојанов ја најавил неодамна, на прославата на Богојавление – Водици.

Истиот ден, Бискупот Стојанов и Апостолскиот нунциј монс. Анселмо Гвидо Пекорари во парохиската црква „Свети Иван Крстител“ – Струмица извршиле крштение на Иван, кој е петто крстено дете во семејството Костови.

Бискупот Стојанов им го честитал на родителите крштението на Иван и ја истакнал важноста за отвореноста кон животот, истовремено потенцирајќи дека е подготвен да го крсти секое петто родено дете во едно семејство од парохиите во Апостолскиот егзархат во Македонија и Скопска бискупија.

Пред извесно време бискупот Стојанов во Радово го крстил петото дете во семејството Стојанови.

1 COMMENT

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img