Синодот едногласно го избра Георгиј за нов Митрополит во Охрид

Date:

Share post:

Игуменот Георгиј е новиот Дебарско-кичевски митрополит, откако денеска Синодот, на својата редовна седница во полн состав, едногласно го поддржа предлогот на Архиепископот Стефан за пополнување на испрзнетата епархија.

-Раководен од Светиот Дух, Светиот архијерејски синод едногласно и еднодушно го избра Неговото Високопреподобие архимандритот г. Георгиј (Ѓорѓевски) за Митрополит на Дебарско-кичевската епархија при Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија. Достоен! Наречението на новоизбраниот Митрополит Дебарско-кичевски ќе се изврши на 12 јули 2025 година, на Петровден, во храмот „Св. Климент Охридски и Св. Пантелејмон“ на Плаошник, а епископската хиротонија и интронизацијата за Митрополит Дебарско-кичевски ќе се изврши на 13 јули 2025 година, на Павловден, во Соборниот храм на Охридските архиепископи „Св.  Софија“ во Охрид, стои во соопштението на МПЦ-ОА.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img