Сиљановска-Давкова: Пораката на Свети Сава за единство и љубов е поважна од кога било

Date:

Share post:

Претседателката Гордана Сиљановска- Давкова денеска упати честитка до граѓаните од српска националност по повод празникот Свети Сава – Националниот ден на Србите во земјава, во која истакна дека пораката на Свети Сава за единство и љубов е поважна од кога било за заедничко чекорење по патот на напредокот и пријателството.

„Делото на Свети Сава како просветител и мировник е вечен патоказ за тоа како се негува духовноста, но и како се гради заедништво засновано на меѓусебно почитување и разбирање. Токму српската заедница, со својот богат културен идентитет и традиција, е важен сегмент на македонското мултикултурно општество. Вашиот придонес во сите општествени сфери ја прави македонската држава побогато, посовремено и попросперитетно место за живеење. Да продолжиме сплотени да чекориме по патот на напредокот, потпирајќи се на мостовите на пријателството што со векови ги градиме“, вели Сиљановска- Давкова во честитката.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img