Шефот на рускиот меѓународен фонд за духовно единство на средба со Порфириј

Date:

Share post:

Патријархот српски Порфириј на 13 март 2026 година во Патријаршискиот дворец во Белград разговарал со претседателот на Меѓународниот фонд за духовно единство на православните народи, Валериј Алексеев, кој престојува во српската престолнина за одржување на меѓународната конференција „80 години по победата“.

На средбата присуствувал и Александар Боцан Харченко, амбасадор на Русија во Србија,  Наталија Коцев, раководител на српското одделение на Фондот и други претставници.

Во соопштението на СПЦ нема детали за што е разговарано.

Меѓународниот фонд за духовно единство на православните народите е основан во 1995 година со благослов на покојниот Алексиј II, патријарх московски и на цела Русија.

Целта на фондот е зајакнување на духовните врски меѓу православните народи преку бројни проекти во областа на културната и општествената соработка.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img