Руската православна црква презема обврска да се грижи за децата чии родители не се во состојба да ги одгледуваат. Ова го најави Рускиот патријарх Кирил за време на посетата на хуманитарниот центар за поддршка на жени во кризни ситуации.
-Ако една жена се наоѓа во ситуација во која не направила абортус, но не може да го одгледа своето дете, тогаш е потребно таквите деца да ни бидат дадени нам, на Руската Православна Црква, без да ја лишуваме жената од мајчинските права, изјавил Патријархот, потенцирајќи дека таквиот систем не треба да се споредува со сиропиталиштата, бидејќи жената ќе може да дојде и да го земе своето дете во секој момент.
Во РПЦ веќе неколку манастири имаат центри за семејно сместување, каде што живеат деца чии родители не се подготвени или не можат да се грижат за нив.
Хуманитарниот центар за бремени жени беше основан од Православната служба на милоста. Во Русија има 126 такви центри, а уште 30 се очекува да бидат отворени до крајот на 2018 година.
/ДОБРОТОЉУБИЕ

