Стратешките цели на Русија бараат благосостојба на семејствата, намалување на абортусите, откажување од потпирање на миграцијата, поттикнување на повеќедетни семејства, поддршка на мајките и зајакнување на авторитетот на татковците, изјави Фјодор Лукјанов, претседател на Патријаршиската комисија за прашања на семејството, заштита на мајчинството и детството при Руската православна црква, пренесе Риа Новости.
-Стратешките цели на Русија … се достижни ако во центарот се постави благосостојбата на семејствата, се намали бројот на абортуси, се откаже од потпирањето на миграцијата, се поттикнува повеќедетноста и целомудрието, се штитат жените кои носат дете и се зајакне авторитетот на таткото како заштитник и глава на семејството“, рече тој на Форумот на млади мајки.
Форумот на млади мајки се одржа во Москва.


На прв поглед звучи не само анахроно туку дури и смешно. Но, според моите сознанија руските млади мажи и жени во текот на образованието стекнуваат многу поголеми, ако не и целосни квалификации за самостојно основање семејство: имаат и предмети за емоционална интелигенција во изборот и успехот на стекнување на брачен партнер, за градење здрави брачни односи, мажите ги владеат на солидно ниво (тоа иммго овозможува училиштето):можеби и сите мајсторски занаети (значи, способни се дури да си изградат и дом самите ако треба, а за поправки и одржување и да не говориме), а жените/девојките на училиште стекнуваат вештини на просечна шивачка, готвачка и мн. други вештини поврзани со самостојно домување. Мислам дека и културата на почитта и заштитничкиот однос на младиот Русин кон девојката/жената е на далеку повисоко ниво. Но, претераната самостојност на девојките веројатно и во вид на некаков феминизам по се’ изгледа е распространета и во Русија (кога велиме претерана самостојност мислиме на неподготвеност на никаква саможртва заради одржување подолги врски). Сепак, ваквата сосотјба не е толку тешко да се корегира. Во Македонија за жал се’ уште воспитуваме неспособни за живот момчиња, а веќе и девојки. Кај ќе ти се нафатат тие на многудетно семејство? Одвај умеат правилно да пуштат машина за перење облека и да си сварат некоја паста. Младите нарачуваат редовно храна од ресторани, како ќе одгледаат многудетно семејство? Авторитетот не е вештачка категорија: го чувствуваш според реалните способности на личноста на владеење со животот во сеедно која димензија (а најтешката секако е семејната рутина, секојдневното трпеливо градење на благобитието, хармонијата, добробитието). Им посакувам секако успех.