Во округот Галац, Романија, Епархијата на Долен Дунав најави градење на центар за рехабилитација и социјална реинтеграција на млади луѓе погодени од зависности.
Проект ќе се спроведува во партнерство со локални медицински и образовни институции.
Архиепископот Касијан, при претставување на иницијативата на празникот “Заштита на Мајката Божја” во манастирот Фрумушица, го опиша центарот како „клиника на надеж и исцелување — простор за духовна терапија на адолесценти кои страдаат од болката на тага“.
Настанот го посетиле специјалисти од психијатриската болница „Елизабета Доамна“ од Галац, професори и студенти од Универзитетот во Галац – Факултет за историја, философија и теологија, и вработени од воспитно-поправниот дом Тикилешти.
Психијатарот д-р Едуард Дрима Полеа го поздрави проектот како исклучително важна мисија за помош на младите да ја пронајдат изгубената слобода.
Инаку, Валентина Воинеа, раководител на психосоцијална заштита во затворската установа Тикилешти, истакна дека преку соработка можат да придонесат за свесност во заедницата и поддршка за социјална реинтеграција.
Центарот ќе се гради со поддршка од манастирот „Рождество на Пресвета Богородица“ – Кудалби, на земјиште донирано од семејство верници од Букурешт, лоцирано на периферијата на Фрумушица.
/Црковен журнал (ЛОГОС)

