Резличните верски заедници обединети оддадоа почит за починатиот Грузиски патријарх

Date:

Share post:

Претставници на различни верски заедници му оддадоа почит на Католикос-патријархот на цела Грузија, Илија II, во Соборниот храм „Света Троица“ (Самеба), објави Агенцијата за прашања на религијата на својата Фејсбук-страница.

На граѓанското опело присуствуваа свештени лица од Латинската католичка црква, Грузиската епархија на Ерменската апостолска црква, Еврејскиот сојуз, Баптистичката црква, Сојузот на муслиманите на Грузија, Грузиската евангелско-лутеранска црква и Језидскиот духовен совет на Грузија.

Католикос-патријархот на цела Грузија, Илија II, почина на 17 март на 93-годишна возраст.

Неговата Светост и Блаженство, Католикос-патријархот на цела Грузија Илија II, ќе биде погребан во недела, на 22 март, во Сионскиот соборен храм.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img