Во присуство на голем број верници беше реосветена црквата Свети Јован Владимир во Подгорци. Чинот на реосветување го изврши Митрополитот Тимотеј , на празникот посветен на Свети Јован Владимир.
Ова е единствената црква во земјава посветена на светецот и се наоѓа во струшкото село Подгорци.
Црквата била изградена по иницијатива на мештаните од село Подгорци на старо вакавско место. Почната е со градба 1924 година, а завршена е една година подоцна во 1925 година кога била и осветена. Истата година е направен и иконостасот.
/ohridnews

