Историчар во Велика Британија открил тајни пораки скриени во текстот на првата англиска печатена Библија.
Неодамнешна анализа на латинската Библија која 1535 година била објавена под власт на кралот Хенри Осми открила фасцинантни белешки направени во текот на реформацијата во XVI век.
Реформацијата била период на огромни немири во Англија за време кое Англиската црква била отргната од авторитетот на Католичката црква во Рим.
Анализираната библија се наоѓа во библиотеката во палатата Ламбет која е службена резиденција на надбискупот од Кантербур и е еден од само седумте сочувани примероци.
– Од сочуваните примероци не знаеме воопшто ништо за оваа единствена Библија, чиј предговор го напишал самиот Хенри, рекла историчарката Ејал Полег.
Инспекцијата открила дека тешката хартија била залепена врз празните делови на книгата. Историчарката вели дека предизвик е да се откријат коментарите без да се оштети книгата. Барала помош од Грахам Дејвис, експерт за 3Д ренгенски слики. Успеале да добијат јасна слика на коментарите напишани на англиски јазик.
Белешките се копирани од познатата „голема Библија“ на Томас Кромвел. Напишани се меѓу 1539 и 1549 година и покриени се и маскирани со дебела хартија во 1600 година.
Полег вели дека белешките ја поддржуваат идејата дека реформацијата е постепен процес.
– До неодамна се претпоставувало дека реформацијата предизвикала целосен прекин, момент во кој луѓето престанале да бидат католици и прифатиле протестантизам, ги отфрлиле светците и латинскиот го замениле со англиски јазик. Оваа Библија е сведок на времето во кое конзервативниот латински и реформистичкиот англиски се користеле заедно и покажува дека реформацијата била бавен, сложен и постепен процес, кажала Полег.
Истражувањето открило и рачно напишана преписка меѓу двајца мажи на задната страна на книгата. Пишува како Елјс Кутпурс од Лондон ветил дека ќе плати 20 шилинзи на Вилијам Чефун или ќе оди во злогласен затвор на Маршалси.
Со додатно истражување е докажано дека Кутпурс е обесен. Во средновековниот англиски „курпус“ значело крадец.

