Признавање на автокефалната ПЦУ, е признавање на МПЦ ОА!

Date:

Share post:

Украинците со Русите си ја имаат истата мака како ние Македонците со Бугарите и Србите. Од една страна за народот и јазикот, Русија го кажува истото што Бугарија за нашите, од друга страна за Црквата истото што СПЦ го правеше со МПЦ ОА!

Признавање на автокефалната Православна Црква на Украина, е признавање на МПЦ ОА! Не можеме да тврдиме дека ние Македонците имаме право на своја македонска помесна Црква, а тие Украинците, немаат право на своја помесна украинска Црква, па мораат да ги трпат “газдите” од РПЦ од Москва со нивниот сателит УПЦ, иста како онаа ПОА на Вранишковски.

Да, треба УПЦ да се вклучи во ПЦУ, како ПОА што се обедини во МПЦ ОА, но не под контрола на Москва, туку самостојно. За да не ги прават и тие нашите македонски грешки.

Тука во Одеса, Украина и воздухот е православен! Има десетици прекрасни храмови, се обновуваат оштетените од руските воени напади, народот е исклучително религиозен, и не заслужуваат игнорирање од останатите православни народи, особено не од нас етничките Македонци! Ние на овој народ сме им дале Слово (вера) и ги сторивме Словени (верници), им дадовме писмо и ги сторивме писмени! Тоа е наш братски народ и имаме обврска пред себе, пред макдонската Кауза и пред Бога да им помогнеме. Ако ја игнорираме нивната Црковна сага, ние се помируваме со нашата! Голем срам ќе падне врз нас!

Воопшто не е важно дали некој од Фанар барал “признавање” на ПЦУ од МПЦ ОА! Тие нека си гледаат за себе, а мислам дека истото и не го бараат! За нас е битен нашиот, македонски образ! Вртејќи им грб на украинскиот народ, ние си плукаме врз нашиот образ! Не врз оној на Фанар!

Колку прекрасно ќе биде, во ова македонско, преродбенско светилиште Одеса, наши македонски Владици да сослужуваат со тукашни украински Владици во некој од овие прекрасни Храмови! Ќе се радуваат и Крсте Петков Мисирков и Димитрие Чуповски и сите знајни и незнајни македонски јунаци, кои тука најдоа прибежиште да творат за својот македонски народ и мајка Македонија! После тоа, заедно македонски и украински Владици да го осветат новиот македонски Конзулат токму во куќата каде живеел и работел Мисирков и да се поклонат пред неговото дело во новиот Легат – спомен соба во негова чест!

Така ќе не биде, нас Македонците! Без да навлегуваме во историските детали помеѓу Русија и Украина, ние да си гледаме нашите македонски интереси и деталите за иднината! На нас Македонците ни одговара украинскиот сепаратизам да успее, да се почитува суверенитетот на помалите држави, без право на мешање на поголемите! Ако ние нив ги осудуваме, ние сами се упропастуваме! Буквално! Ако го оспоруваме украинскиот сепаратизам и право на самоопределување, ние се откажуваме од македонскиот! Ако прифаќаме соседите да се мешаат во Украина, прифаќаме соседите да ни се мешаат во нашата Македонија! Сите грешиме, луѓе сме!

Но ајде да ги исправиме работите. Во наш интерес е да ја уважиме ПЦУ, за да си го вратиме коренот на МПЦ, а тоа е ОА! Не дека ни треба посебна тапија, туку ни треба меѓународно признавање на истото! И не само Охридска Архиепископија. За нас Македонците и од нас беше создадена Јустинијана Прва, таа нам ни припаѓа и истата треба да се вклучи не само во нашата црковна историја, туку и иднина и современ македонски национален идентитет.

Поздрав од Украина и честитки за храбрите Македонци кои ова може да го препознаат!

/Пишува: Петар Богојески (специјално за религија.мк)

1 COMMENT

  1. ‘Дреновски камен’ е локален народен израз за една стара практика на користење еден, единствен камен за да се измерат величините на сите материјални предмети чии димензии, маса, волумен итн. сакаме да ги одредиме. Но се користел во услови на отсуство на вистински мерни нструменти. Денес поимот е еден вид цинизам за злоупотреба и намерно или чисто неуко, макар просто грубо подведведување под исти мерила, вбројување во исти категории на појави кои не се еднородни. Има луѓе во наше време, и особено кај нас, кои од својата неукост изградиле вистинска професија од која пристојно живеат. Да спорите со нив за разликите меѓу украинското и македонското црковно или чисто национално прашање е слично како да играте фудбал со исечена топка. Сменете ја плочата, драги наши аналитичари! Малку повеќе време вложувајте во квалитетна надградба на ерудицијата и за личен духовен развој, а многу помалку шупливо експонирање во пози на локални сезнајковци! Општеството навистина не можете значајно да го дотруете, зашто народот е доволно писмен, веќе и подобро образуван од вас за да истражува самостојно, да анализира и поентира самостојно, без да се мафтосува со вашите небулози. Нема сличности меѓу македонското и украинското прашање, а уште помалку меѓу македонскиот и украинскиот менталитет.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Српскиот свет“ и раката на Москва на Балканот

Балканот повторно се наоѓа на крстосница меѓу вистината и манипулацијата, демократијата и авторитаризмот. Како што се приближуват изборите...

Најдолгото гласачко ливче половина метар

Најдолгото гласачко ливче на овие избори е половина метар, откри директорот на печатницата „Киро Дандаро“, каде се печатеше...

ДИК: Одобрени уште осум барања за акредитации за набљудување на изборите, прифатени три приговори од гласачи

Државната изборна комисија денеска прифати уште три од вкупно четири пристигнати приговори од гласачи. Прифатени се два приговори...

Народниот правобранител отвора бесплатна телефонска линија за пријавување повреди на избирачкото право

Во канцеларијата на Народниoт правобранител во недела (19 октомври) на денот на одржувањето на првиот круг од Локалните...