Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, ќе ја предводи македонската државна и црковна делегација, која ќе присуствува на церемонијата на канонизација на Мајка Тереза, на плоштадот „Св. Петар“ во Ватикан каде поглаварот на Римокатоличката црква, Папата Франциск, ќе ја прогласи Мајка Тереза за Светица.
Како земји на нејзиното раѓање, потекло и мисија, Република Македонија, заедно со Република Албанија и Република Индија ќе имаат посебно место на оваа свеченост.
На 4 септември, недела вечерта, македонскиот претседател ќе присуствува и на свеченото отворање на изложбата на фотографии и текстови поврзани со животот и делото на Мајка Тереза „Madre Teresa – Santa di Skopje, Santa del mondo“ во црквата „Св. Станислав“.
Мајка Тереза беше добитник на Нобелова награда за мир, а нејзиниот чудотворен карактер беше признаен од Римокатоличката црква. Церемонијата на беатификација на Мајка Тереза, која беше чекор кон нејзино прогласување за Светица беше одржана на плоштадот „Св. Петар“ во 2003-та година, на која присуствуваа над 300 илјади верници.
Со свечената служба раководеше тогашниот поглавар на Римокатоличката црква, Папата Јован Павле Втори, додека на церемонијата присуствуваше и македонска делегација, предводена од претседателот Борис Трајковски.
/РЕЛИГИЈА.МК


Na crkovna ceremonija odi crkovno-drzhavna delegacija, koja ja predvodi Poglavarot na Crkvata ili od nego odredeno lice, a ne Pretsedatelot, bidejki erarhiski sveshtenoto lice e na povisok rang od pretsedatelot na drzhavata. Crkvata e nad site.