Православната црква на Чешка и Словачка се престрои во блокот на Руската Црква

Date:

Share post:

Православната црква на Чешка и на Словачка е првата која застана на страната на Руската православна црква, откако вчера Вселенската Патријаршија одлучи да прогласи автокефалност во Украина.

Архиепископот на Прешов и на Чешка и Словачка, Ростислав испратил писмо до Рускиот Патријарх Кирил во кое го уверува за непроменливост на позициите на Чешката и Словачка црква против, како што се наведува „бруталната интервенција на државните власти во Укарина во внатрешните работи на Црквата“

– Секој обид за легализација на украинските расколници мора да биде осуден од помесните Православни Цркви, пишува меѓу другото Ростислав, Архиепископ на Прешов, и Митрополитот на Чешка и Словачка.

1 COMMENT

  1. Пад Гордих непокорните се разделуваат,како да се исполни ова:

    Не убивај ги, за да не го заблудуваат мојот народ; растури ги со силата Своја и победи ги, Господи, заштитниче мој за да знаат дека тоа го сторила твојата рака.
    (ПС 58:11)

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img