Во Белград беше отслужен помен за починатиот Патријарх на Грузија, Илија. Поменот на 18 март 2026 година во капелата на резиденцијата на српските патријарси го отслужи патријархот Порфириј.
По молитвениот помен, српскиот патријарх г. Порфириј искажа сочувство до Грузиската црква и грузиски народ.
-Нашиот блажен брат Илија во своето време донесуваше обилен плод, додека неговиот труд и дело оставија неизбришливо духовно влијание најпрво врз доверениот му клир и благоверниот народ, а потоа се разлеаја ширум васелената. Од неговата христоподобна личност блескаше ликот на вистински апостол, чувар на црковниот поредок и предание, но и ликот на морална потпора на неговите соплеменици, кој во сложени историски околности придонесе за духовната обнова, зајакнувањето на црковниот живот, зачувувањето на идентитетот и традиционалните вредности на православниот грузиски народ“, соопшти Поглаварот на СПЦ.

