Српската заедница во Македонија го одбележа својот национален празник Свети Сава, со светосавска академија во МНТ во Скопје.
Како што беше најавено организациониот одбор му додели светосавска повелба на Српскиот патријарх Порфириј, за исклучителни заслуги во зачувувањето на слогата во сето српство во овие тешки времиња. Сепак Патријархот Порфириј не беше присутен на академијата, па повелбата ќе му биде дополнително врачена.
Годинава на светосавската академија претстваник на МПЦ-ОА беше Тетовско-гостиварскиот митрополит Јосиф. Седеше во претпоследниот ред.
Минатата година во првиот ред беа Српскиот патријарх Порфириј и архиепископот Стефан.

