Поддршка од Вселенскиот патријарх за СПЦ

Date:

Share post:

srpska crkva izgore 2Патријархот Вартоломеј упатил писмо како поддршка на патријархот Иринеј од Српската православна црква по повод пожарот, во кој во Њујорк изгоре црквата „Свети Сава“, со што изразил надеж дека тој храм набрзо повторно ќе биде обновен.

Според вселенскиот патријарх се работи за историски храм во САД во кој со децении Србите и православните христијани ја практикувале својата вера.

Патријархот Вартоломеј во име на Вселенската патријаршија изразил надеж и молитвени желби дека овој „велелепен храм набрзо ќе се оспособи и во иднина ќе ги собира верниците во поголем број“.

Црквата „Свети Сава“ на Менхетен изгорел до темел во пожар кој избил на Велигден оваа година.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img