Од денеска почнуваат Велигденските пости. Свештениците велат- постот е и телесен и духовен. Велигденскиот пост опфаќа 7 недели, односно 7 седмици. Трае 49 дена, од Прочка до Велигден.
Велигденскиот пост нема свој постојан датум, туку зависи од определениот датум на Велигден. Тој е негова претходница и подготовка.

