Теофил III, претстојател на Патријаршија на Ерусалим, на предлог од рускиот претседател Владимир Путин, ќе добие еден од највисоките државни ордени на Русија – Орден за пријателство.
Декретот со кој се доделува ова високото одликување бил потпишан на 17 ноември 2025 година и е објавен на официјалниот портал на Руската Федерација. Причината за доделувањето е „значаен придонес за јавна промоцијана настаните поврзани со одбележувањето на 80-годишнината од победата во Големата татковинска војна (1941-1945)“, како и „придонес во зајакнувањето на пријателството, соработката и духовните врски со Руската Федерација“.
Ова одликување дополнително ги потенцира односите меѓу Патријаршијата на Ерусалим и Руската Федерација, веќе воспоставени со претходни средби меѓу патријархот Теофил III и претседателот Путин, од кои една се одржа во 2019 година во Москва.
Детали за свечената церемонија на доделувањето се очекуваат да бидат соопштени наскоро од страна на Патријаршијата на Ерусалим и руските власти.

