Папата Франциск изјави дека е сериозно загрижен од опасноста за нуклеарна војна и предупреди дека светот е на работ од неа, јави ДПА.
Изјавата ја даде од својот авион, со кој патува кон Перу и Чиле.
-Мислам дека сме на самата граница. Навистина се плашам од тоа, изјавил папата, коментирајќи ја опасноста од нуклеарна војна.
-Еден инцидент е доволен за да не фрли во состојба на војна, предупредил и додал дека поради тоа „треба да го уништиме оружјето и да се стремиме кон нуклеарно разоружување”.

