Папата Лав XIV, кој деновиве престојува во Либан, изјавил дека земјата претставува „жив сведок“ за можноста христијани и муслимани да живеат заедно во почит и мир.
Во своето обраќање, тој нагласил дека Либан е „порака до целиот свет“, благодарение на историскиот модел на меѓурелигиски и меѓуетнички соживот, кој и покрај тешкотиите продолжува да постои. Папата предупредил дека во време на вооружени конфликти и регионални тензии, Либан има особена улога како „лабораторија на дијалогот“. Тој ја повика меѓународната заедница да не го напушта Либан и да помогне земјата да ја зачува својата уникатна религиска и културна рамнотежа.
Во својата порака, Лав XIV се осврнал и на страдањата на населението, охрабрувајќи ги Либанците „да не го губат духот“ и уверувајќи дека Светата столица ќе продолжи да стои покрај нив.
Папата ќе остане во Либан до вторник, пред да се врати во Рим.

