Папата и Ердоган: Тероризмот нема религија

Date:

Share post:

Папата Франциск денеска го прими турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, при што двајцата соговорници оценија дека тероризмот не може да се доведува во врска со религиите и оти е неопходна заедничка борба против ксенофобијата и исламофобијата, јави турската новинакса агенција Анадолија.

Неименуван извор од канцеларијата на Ердоган за агенцијата изјавил дека состанокот бил во согласност со традицијата на Ватикан и минал во пријателска атмосфера.

Истиот извор информирал дека папата и турскиот претседател разговарале за повеќе важни прашања, вклучувајќи ја и ситуацијата околу Ерусалим, во Сирија, но и случувањата на целиот Блиски Исток, борбата против тероризмот, бегалската криза и меѓурелигиските односи во светот.

Папата Франциск и Ердоган ја нагласиле важноста од задржаување на статусот на Ерусалим во согласност со резолуцијата на Обединетите нации и почитувањето на меѓународното право.

Тие се согласиле и за потребата од „укажување на грешката“ направена од страна на американската Администрација во врска со одлуката за признавање на Ерусалим за главен град на Израел.

Турскиот претседател му се заблагодарил на папата Франциск на пораката за поддршка на Ерусалим. Од друга страна, папата му се заблагодари на Ердоган за поддршката што Турција им ја дава на Ерусалим и на бегалците.

Средбата беше можност Ердоган да размени информации со папата Франциск за борбата што Турција активно ја води против тероризмот во регионот, соопшти изворот од кабинетот на турскиот претседател.

Папата Франциск и Ердоган изразиле целосна согласност и во врска со заедничката борба против ксенофобијата и исламофобијата, а повикале и на воздржување од провокативни коментари и реторики кои можат да ги поистоветат тероризмот и Исламот.

Тие ја нагласиле и важноста за изградба и заштита на мирот и стабилноста во регионот.

Шефот на турската држава укажал на фактот дека официјална Анкара е за рамноправност на сите граѓани, без разлика на нивната верска припадност, потстувајќи дека Турција во тој контекст, во изминатиот период реставрирала 14 цркви и една синагога.

Истакнувајќи ја важноста на заедничките напори на меѓународната заедница во изградбата на мирот и стабилноста во светот, папата и Ердоган се согласиле и во иднина да ги продолжат директните контакти и соработката.

По средбата со папата Франциск, турскиот претседател се сретна и со државниот секретар на Светата столица, кардиналот Пјетро Паролин. Освен тоа, турскиот претседател во Рим ќе има средби и со претседателот на Италија, Серџо Матарела и со италијанскиот премер, Паоло Џентилони.

Ердоган е првиот претседател на Турција, кој по цели 59 години го посети Ватикан. Поради неговата посета, во Рим се преземени засилени мерки на безбедност.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Џеј Ди Ванс предизвика дебата со изјава за конверзија на сопругата во христијанство

Потпретседателот на САД, Џеј Ди Ванс неодамна изјави дека се надева дека неговата Хинду сопруга некогаш ќе ја...

Ватиканот врати 62 артефакти на автохтоните народи од Канада

Ватиканот во саботата им ги врати на автохтоните народи од Канада 62 артефакти од својата етнографска колекција, меѓу...

Вартоломеј: Заедничкото чествување со папата Лав на Никеја е плод на екуменското отворање

Вселенскиот патријарх Вартоломеј ја истакна важноста на заедничкото празнување на Првиот вселенски собор во Никеја со папата Лав...

Првиот повик на амбасадорката на САД во Грција бил до Архиепископот Јероним

Новата амбасадорка на САД во Грција ја продолжува американската политика на блиски односи со Грчката црква. Кимберли Гилфојл...