Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар го осветил манастирчето посветено на Св. Јован Крстител и св. Симеон Столпник во село Петрино, Ресенско. Изградбата на овој храм почнала пред 21 година во 1995 година на 22 октомври кога од страна на надлежениот Aрхиереј, биле осветени темелите и почетокот на изградбата на црквата, потоа и конакот со параклисот посветен на Св. Симеон Столпник.
На 21.10.2016 година Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужил Вечерна богослужба во манастирчето, каде биле донесени светите мошти, а утредента, на 22.10 и осветувањето на храмот, после што била отслужена првата Божествена Литургија.
ГАЛЕРИЈА:






















