Ограбена џамијата во тетовското теќе

Date:

Share post:

Непознати сторители извршиле  тешка кражба во џамијата „Арабат“ лоцирана во комплексот „Арабати баба теќе“ во Тетово при што земале дваесет илјади денари, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

teke 2Според неговите податоци кражбата била извршена вчера во периодот помеѓу 5 и 12 часот откако сторителите најпрво со употреба на тврд предмет ја скршиле цилиндер бравата од влезната врата, а потоа од металната каса која ја отвориле одзеле 20 илјади денари во разни апоени. Со одземените пари незабележани од никого избегале во непозната насока.

Кражбата во полиција ја пријавил  Џ.С.(36), вработен во Исламската верска заедница Тетово. Екипа на полицијата извршила увид и презема мерки и активности за целосно расветлување на пријавеното и за откривање на можните сторители, рече Јосифовски.

/МИА

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img