Нови булевари и катни гаражи за подобар сообраќајот во Чаир, најави Орце Ѓорѓиевски

Date:

Share post:

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска во општина Чаир претставени крупни инфраструктурни проекти кои, како што вели, имаат за цел да го решат хроничниот сообраќаен хаос и да обезбедат подобри услови за граѓаните. Нагласи дека овие проекти се дел од неговата визија за рамномерен развој на градот.

Главниот проект е проширувањето на булеварот „Цветан Димов“, главна сообраќајна артерија која го поврзува Чаир со центарот на градот. Според планот, булеварот ќе има шест коловозни ленти, велосипедски патеки, тротоари, зеленило и современо осветлување. Ѓорѓиевски истакна дека сообраќајниот метеж на овој потег, каде дневно се движат околу 100.000 возила, ќе биде значително намален, а безбедноста за учесниците во сообраќајот подобрена.

Паралелно, започнува и изградбата на монтажна катна гаража кај ТЦ „Чаирчанка“, со цел да се реши драматичниот недостиг на паркинг места во овој густо населен дел од општината. Новата гаража ќе треба да обезбеди брзо, функционално и безбедно решение за паркирање, што ќе го растовари сообраќајот и ќе ја подобри урбаната инфраструктура.

Ѓорѓиевски потенцира дека овие проекти се дел од стратегијата „Визија: Нула несреќи“, со која до 2030 година се предвидува редизајн на 50 критични улици и крстосници во Скопје, во согласност со европските стандарди за урбана безбедност.

-Со овие проекти ја потврдуваме визијата за еднакво развиен град, каде секоја општина добива инфраструктура достојна за современо живеење, изјави Ѓорѓиевски, додавајќи дека рамномерниот регионален развој е клучна насока за иднината на Скопје.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img