Нема да заборавиме – Родителите и блиските на загинатите се собраа пред дискотеката во 02 ласот и 32 минути

Date:

Share post:

Со петминутен молк, свеќи и многу емоции, родителите и блиските на загинатите во најголемата трагедија, пожарот во „Пулс“, ја одбележаа годишнината во  02:32 часот, времето кога се запали дискотекатата.

Пред присутните на собирот, организиран од Здружението „16 март 2025 Кочани“, се обрати активистот Борјан Ефтимов, кој упати емотивни зборови до семејствата и ја истакна важноста на истрајноста во потрагата по правда.

„Борбата на обичниот човек за правда е борба за помнење наспроти заборавот. Сите ние сме заедно во ова. Заедно почнавме и заедно ќе продолжиме. Сакам да се погледнете сите помеѓу вас. Токму вие, семејствата и пријателите, покажавте што значи да не се заборави. Покажавте што значи љубов. Покажавте што значи грижа. Сите ние, секој на свој начин, го продолжуваме споменот, животот и меморијата на ангелите кои ги загубивме на 16. март. Како што Чемерски, камен по камен, го создал вечниот Мозаик на слободата, така и ние со нашите дела, борба грижа и љубов го креираме мозаикот преку којшто ангелите ќе продолжат да живеат во вечноста и сеќавањето на македонскиот народ. Ве повикувам со петминутен молк да се потсетиме на жртвите и да се потсетиме, зошто не смее да заборавиме“, истакна Ефтимов.

Пред дискотеката беа поставени 63 бели срциња, на кои е испишано името и годината на раѓање на сите 63 загинати,  се одржаа велосипедска тура и кошаркарски натпревар, а беше промовирана и книгата „Ќе те има“ од авторката Марина Стојчевска, која зборува за болката, сеќавањата и љубовта посветена на 63 млади изгубени живот.

На критичната вечер, три пиротехнички средства биле активирани истовремено, насочени кон плафонот кој бил обложен со полиуретански сунѓер. Огнот се проширил за секунди, а задушливиот чад и паниката ги заглавиле посетителите во клубот со единствен и неадекватен излез. Мнозинството од жртвите загинале во обид да стигнат до вратата која не била стандардно евакуациско решение.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img